Себастијан Ветел смета дека Ферари имале повеќе од доволно темпо за да победат на Италијанското Гранд При.

Возачот на Скудерија Ферари се обиде да го превземе водството од Кими Раиконен по првиот свиок, но влезе од внатрешна страна што му овозможи на Хамилтон да премине од надворешната страна и да го претекне, а истото доведе до судар во сред шиканата.

На почетокот се обидов да го претекнам Кими во свиокот 1, а потоа и во 4, но не можев. Тој сопре со целосно право, јас се поместив на една страна и му оставив простор на Луис.

Кога го допрев Луис, се извртев за жал, бидејќи мојот болид имаше повеќе штета. Можеше се да помине поинаку, но очигледно тоа не беше случајот.

За жал, нашата трка беше уништена, но се обидов максимално и имав добро враќање од задните редови. Севкупно, можеше да биде полошо. Разочарувачки е секако, бидејќи го имавме темпото да победиме.

Сеуште има многу поени за освојување во првенството, но сега имаме време да се подобриме и да ги повратиме тие поени. Жал ми е за Тифозите бидејќи заслужија поинаков резултат денес – изјави Ветел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.