Иако Ветел ја разочара публиката во Монца тој изјави дека го немал целиот лев дел по сударот на неговиот болид со тој на Луис Хамилтон.

Ветел стартуваше од втора позиција и се најде под притисок на неговиот ривал Хамилтон.

Британецот ја доби возачката линија откако Ветел влезе прешироко и тие се судрија. По сударот Ветел беше на крајот но успеа да заврши на четвртата позиција.

Очигледно сме разочарани од викендот, посебно за луѓето што дојдоа тука. Ги разочарав сите бидејќи очекуваа друг резултат. По сударот дадов се од себе со оглед на оштетувањето на болидот. Но очигледно не беше добро. Сега има голема разлика но очигледно тоа се случувало и во монатото. Сум бил во такви ситуации, и не сакам да се замарам со што би се случило. Разочаран сум но гледам кон Сингапур.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.