Многумина веруваа дека пол позицијата во Сингапур само Ферари можат самите да ја изгубат. За жал за Ферари, тие токму тоа го сторија. Себастијан Ветел се пласираше на трето место на гридот и 6 десетинки позади Луис Хамилтон од Мерцедес, ривалот кој има предност од 30 поени пред германецот.

Ветел имаше тежок крај на вториот слободен тренинг во петокот, откако допре со ѕидот во свиокот 21, поминувајќи го поголемиот дел од сесијата во гаража. На почетокот на квалификациите, германецот повторно изгледаше неудобно, можеби поради тоа што подот на неговиот болид беше отстранет на само 30 минути пред почеток на сесијата, додека неговите механичари се обидуваа да отстранат проблем.

За Скудерија, нервозата стануваше се поголема. Во К2, Ферари ги испрати Ветел и Раиконен со побавните ултрасофт пневматици, пред да ја променат стратегијата. Потегот беше интересен, земајќи во предвид дека Мерцедес за малку ќе беа елиминирани во К1, пробувајќи го истото.

Како што започнуваше К3, Хамилтон го постави темпото со неверојатен круг од 1:36.015 при првиот обид, постигнување кое Тото Волф го опиша како “звездена прашина“. Првиот обид на Ветел беше доволно добар за трето место, додека во вториот обид, иако имаше чиста патека, тој не успеа да го подобри своето време, а Хамилтон ја задржа пол позицијата.

Квалификациите не поминаа во наша полза како што планиравме. Не само во однос на резултатот. Очигледно се надевавме на повеќе од трето место на гридот. Но тоа е само еден дел. Мислам дека разликата е прилично голема.

Мислам дека Луис имаше навистина добар круг, така што му честитам за тоа, сигурен сум дека беше добар. Но не сметам дека беше непобедлив. За нас денес, начинот на кој ги поминавме квалификациите, мислам дека беше тешко да најдеме ритам.

Имав проблеми во К1, К2 и К3. Како што кажав претходно, мислам дека други луѓе завршија подобра работа. Тоа го вклучува и кругот на Луис како индивидуа, но и како екипа. Очигледно ова не го сакавме, да бидеме на трето место.

Не е идеално. Сакавме да бидеме на пол позиција, но не сме. За нас ова беше лоша квалификациска сесија – изјави Ветел.

Квалификациите во Сингапур поминаа во полза на Хамилтон, а со старт од втора позиција за Макс Верстапен, британецот би имал пожелен сојузник кој ќе го спречи Ветел во Марина Беј. Но Ветел е убеден дека трката би можела да се одвива во полза на Ферари. Во долгите стинтови во тренинг сесиите, Ферари имаа темпо 0.2 секунди по круг подобро од Мерцедес, иако Ред Бул беа 0.2 секунди по круг побрзи од италијанците.

Трката е поинаква приказна. Мислам дека работите ќе бидат поинакви, но дефинитивно не сум среќен со саботниот ден. Мислам дека квалификациите не беа “мазни“ како што требаше, така да мислам дека другите завршија подобра работа.

На крајот, разликата е прилично голема, бидејќи не покажува колку сме силни. Само е разочарувачки што не го извадивме максимумот од нашиот пакет – додаде Ветел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.