Фетел ги брани “очекуваните“ наредби во Мерцедес

478
   

Себастијан Ветел застана во одбрана на тактиката на Мерцедес на Руското Гранд При, велејќи дека одлуката на тимот да го помести Валтери Ботас во полза на Хамилтон било сосема очекувано.

Хамилтон ја наследи победата откако Мерцедес му нареди на Ботас, кој пак целеше кон прва победа во сезоната, да го пропушти лидерот во првенството.

Победата за Хамилтон, дополнето со забавувањето кое Ботас го вршеше над Ветел во остатокот од трката, сега значи дека Ветел заостанува со 50 поени на 5 трки до крајот на сезоната.

Добро завршена работа од двајцата, играа заеднички како екипа на многу добар начин.

Во нивна одбрана, сите прашања, знам дека сакате контроверзии и затоа ги прашувате сугестивни прашања како индивидуалци, но мислам дека во позиција во која се тие, сосема очекувано беше тоа што го направија.

Можеби тие прашања не се оправдани – вели Ветел.

Мерцедес користеше тимски наредби и пред тој момент, кога побараа од Ботас да го забави Ветел, со цел да избегнат Хамилтон да биде претекнат од германецот при излезот од боксовите.

Иако тоа не успеа и Ветел испадна пред Хамилтон, британецот сепак успеа да го претекне ривалот и стигна до осма победа во сезоната, 2 повеќе од Ветел во борбата за титула.

До крајот има уште 125 поени достапни за освојување, но разликата е најголема досега во сезоната.

Доволно сум паметен, не бев генијалец во математика, но доволно сум паметен да пресметам дека нема да биде полесно ако губиме поени.

Мора да бидеме задоволни со трето за денес. Сеуште верувам во нашите шанси, да. Очигледно нема да се подобрат ако завршувам позади нив, но кој знае.

Потребно е едно откажување и тогаш работите ќе изгледаат сосема поинаку. Идеално, две! Тоа не е нешто што му го посакувам на Луис, но никогаш не знаете што ќе се случи. Мора да останеме на врвот на задачата, каде не бевме викендов, а на следните трки да се фокусираме на победи – додаде Ветел.


Фетел ги брани “очекуваните“ наредби во Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>