Ветел бил против тимски наредби

765
   

Себастијан Ветел ја поддржа одлуката на Ферари тој да не ја менува позицијата со Кими Раиконен на крајот од Австриското Гранд При затоа што смета дека финецот заслужил да го пбоеди. Макс Верстапен победи во Спилберг, Кими заврши зад него, а Ветел стигна до најниското место на подиумот.

Откако Хамилтон се откажа од трката, логично беше Ферари да ги заменат позициите на болидите на патеката со цел да го максимизираат водството на Себ во пресрет на следната трка. Но, Ветел не се согасува со тоа.

Не требаше да постапиме така. Зошто би го правеле тоа?

Макс победи на трката затоа што го заслужи тоа и не направи никаква грешка така што имаше одлични перформанси. Кими исто така направи се што требаше и се што се бараше од него.

Се обидував да ги стигнам двајцата, но Кими притискаше колку што може посилно, а исто така и јас. Им се доближував, но очигледно дека тоа не беше доволно – смета Ветел.

Германецот ја напушта Австрија со поен предност во однос на Хамилтон во возачкиот поредок, но е свесен дека можеше да биде и многи полошо со оглед на тоа што беше казнет 3 позиции во пресрет на стартот за блокирање на Карлос Саинз на квалификациите.

Најголем дел од работите ги завршив одлично денеска, но трката можеше да биде и подобра без казната од три места на стартот. Среќен сум и задоволен од подиумот, но знам дека можевме и повеќе на трката.


Ветел бил против тимски наредби

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>