Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја одслужи својата казна која ја заработи во Бразил, преку присуство на Меѓународната Програма на Стјуардите на ФИА во Женева.

Програмата се одржува секоја година од 2017 наваму и им овозможува на стјуардите од различни тркачки серии да се соберат и да го споделат своето искуство.

На Верстапен му беше доделена казна од јавна работа во траење од два дена поради конфликтот со Естебан Окон по крајот на Бразилското Гранд При минатата година.

Верстапен учествуваше во неколку интерактивни сесии во Женева, а беше дел и од панелот за дискусии покрај Енди Прио, Ричард Миленер и Јенс Маркуар. Сесиите беа насочени кон инциденти, комуникација со стјуарди и доделување казни.

Ние ја вршиме нашата работа на патеката, се обидуваме да го извлечеме најдоброто од трката и јасно е дека и стјуардите си ја вршат својата работа и се обидуваат на најдобар начин да донесат фер одлука.

Ова беше добра лекција за мене и научив многу, претходно во Маракеш, каде што уживав и сега тука – изјави Верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.