Верстапен убеден во пол позиција за Ред Бул

144

Макс Верстапен верува дека Ред Бул имаат одлична можност за пол позиција викендов во Монако, откако досега доминираа на слободните тренинг сесии.

Тие имаат совршен старт во Монако со 1-2 пласмани во Т1 и Т2, а Верстапен и Рикардо постојано се заменуваа на челната позиција со најбрзи кругови, рушејќи го претходниот рекорд на патеката.

Екипата од Милтон Кинс се смета за фаворит викендов и досега не разочараа со импресивна форма на двајцата свои возачи. Верстапен вели дека силен обид за пол позиција мора да биде главна цел на Ред Бул.

Тоа е дефинитивно целта по денешните сесии. Ферари и Мерцедес сигурно ќе се доближат, поради нивните квалификациски модови на агрегатите, но сигурен сум дека ние можеме да бидеме уште подобри.

Болидот од самиот почеток работи одлично. Немавме проблеми со сетапот. Секогаш сакаме да се подобриме и сигурен сум дека можеме да најдеме дополнителна предност, но ова е добар почеток.

Јас лично неморам да се подобрам, само ми треба малку повеќе самодоверба. Немав совршен круг, но тоа е нормално во првите сесии – изјави Верстапен.


Booking.com

Верстапен убеден во пол позиција за Ред Бул

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>