Верстапен: Се надевам тајфунот ќе ја избегне Сузука

181
   

Макс Верстапен одвај чека да излезе на патеката во Сузука за Јапонското Гранд При, но се надева дека трката нема да биде прекината поради временските услови според кои супер-тајфунот Конг-реј се заканува на островот и околината со поројни дождови и силен ветар.

Ураганот од 5та категорија ги стави властите на црвена тревога пред викендот, но засега нема предупредување дека е можно откажување на трката во Сузука. Верстапен се надева дека трката ќе се одржи без инциденти.

Сузука е една од моите најомилени патеки во сезоната и секогаш е одлично искуство да се видат фановите. Се надевам дека тајфунот ќе не избегне и ќе имаме викенд за паметење.

Бевме успешни во Јапонија во минатото, одвај чекам да постигнеме добар резултат за тимот. Никогаш не знаете колку ќе бидете конкурентни се додека не излезете на патеката, но нашиот болид е секогаш добар во првиот сектор и со добра стратегија ќе имаме солидни шанси викендов.

Мојот омилен свиок се брзите С-ови, но тоа е и најтешкиот дел од патеката и навистина мора да бидете фокусирани со болидот и да го направите вистинскиот сетап. Навистина ми се допаѓа што јапонските навивачи се толку страствени за Формула 1, бидејќи спортот има одлична историја тука – изјави Верстапен.


Верстапен: Се надевам тајфунот ќе ја избегне Сузука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>