Макс Верстапен изјави дека погрешил што сиот бес по откажувањето од Унгарското Гранд При по само 6 кругови го истурил на тимското радио. Возачот беше бесен што мораше да се паркира крај патеката на трката од која очекуваше многу откако откажа неговиот Систем за повраток на енергијата односно кинетичкиот МГУ-К дел.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Во Недела по трката изјави дека преферира Формула 1 преносите да не ги цензурираат неговите радио изјави, сепак во Понеделник беше посмирен и преку Инстаграм изјави дека иако сеуште е незадоволен со развојот на настаните, се кае што кажал некои работи преку радиото.

Анализирајќи ја трката, разочарувањето сеуште е тука, но не требаше да користам такви зброви, но тоа беше жештината на моментот, емоциите беа превисоки по одличниот почеток на трката.

Таквит ефрустрации имаа своја причина по уште едно сосема неочекувано откажување на моторот што премногу често ни се случува изминативе неолку години.

Дојдовме во Будимпешта со огромни очекувања и тоа што не бевме конкурентни беше претешко да се проголта. Одам не летнаа пауза со надеж дека ќе се вратам многу посилен потоа – напиша Макс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.