Верстапен: Сеуште има борба за титула?

505
   

Холанскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, по квалификациите на Сузука изјави дека повеќе нема борба за титулата оваа сезона. Тој се квалификуваше на трета позиција откако Ферари повторно разочара со стратегијата. На прашање на Дејвид Култард што ќе направи за да се тргне од борбата за титулата тој одговори:

Има сеуште борба? Не сум баш сигурен – кусо и со насмевка беше одговорот на 21-годишникот.

Себастијан Фетел заостанува 50 поени во генералниот поредок зад Луис Хамилтн кој ќе стартува од пол позицијата во Јапонија.

За своите перформанси на квалификациите, младиот возач на Ред Бул сметаше дека нема да можат да бидат пред Ферари.

Реално гледано можевме да бидеме блиску, никако пред нив, но направивме вистинска одлука во К3. Не очекував трета позиција, но сега имам поголема шанса за подиум – најави Макс.

Холанѓанецот ги поздрави лудите навивачи кои секоја година ја окупираат Сузука.

Секако сум задоволен со трета позиција и штета е што на вакви квалификации не можев да им понудам повеќе бидејќи фановите се одлични и страствени. Дури и кога врне и за нас е тешко во гаражата тие се на трибините. Лудо е тоа што го прават тие..


Верстапен: Сеуште има борба за титула?

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>