Верстапен сака подиум од Сингапур

158

Макс Верстапен со нетрпение ја чека трката за Големата награда на Сигнапур каде верува дека неговиот тим Ред Бул би можел да биде конкурентен за висок пласман, па дури и да победи. На минатата трка во италијанска Монца тој имаше контроверзен контакт со Валтери Ботас на влез во првата шикана кон крајот на трката, доби казна за тоа што го чинеше две места, но тој продолжи да тврди дека не е виновен за тоа. Сега Формула 1 патува во Азија, каде ќе се одржи трката низ улиците на Сингапур.

Целиот тим со нетрпение ја чека трката во Сигнапур бидејќи имаме шанса за добар резултат. Во минатото бевме силни таму и верувам дека може да се избориме за подиум.

Уживам кога возам на таа патека бидејќи е со доста свиоци и е нерамна што ја прави уште поинтересна за да се најде вистинската конфигурација на болидот.

Ноќна трка и високи температури ве носат до лимитот и затоа Сингапур за мене е една од најтешките физички трки. Веќе некое време се подготвувам. Ноќна трка е различна кога е под рефлектори бидејќи имате чувство што го нема на други патеки – смета Вертсапен.


Верстапен сака подиум од Сингапур

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>