Верстапен: Рикардо не е кандидат за титула

243
   

Макс Верстапен смета дека борбата за овогодинешната возачка титула ќе се води само помеѓу Себастијан Ветел од Ферари и Луис Хамилтон од Мерцедес. Понатаму, холанѓанецот смета дека неговиот тимски колега Даниел Рикардо кој веќе има две победи сезонава и заостаток од 49 поени зад Хам, не е сериозен кандидат за наслов.

Луис и Себастијан веќе имаат три победи зад своето име и немаат незавршена трка, додека Дание не финишираше во Бахреин и Азербејџан, а освен победите во Кина и Монако, се нема искачено на подиум.

Ланската борба за титула исто така се водеше помеѓу Ветел и Хамилтон, откако Валтери Ботас имаше значителен пад на перформансите и освоените бодови на средина од првенството.

Тие победуваат на најголем број од трките, така што останатите губиме поени споредено со нив. Јас ги стигнувам останатите момци пред мене, но бев многу далеку иако во моментов моите поени не изгледаат лошо. Возачите на 3то и 4то место изгледаат исто така добро затоа што се конкурентни од почетокот на сезоната и имаат повеќе поени од мене. Борбата за титула ќе се води помеѓу Луис и Себастијан – смета Верстапен.

Според медиумите, Рикардо во моментов е пред потпис на нов договор со Ред Бул за продолжување на својот престој во Милтон Кинс. Со таквиот развој на настаните задоволен е Макс.

Шансите да остане се многу големи и не гледам причина зошто не би останал.

Тој е одличен тимски колега, многу се забавуваме заедно, но на патеката се мотивираме меѓусебно со цел да се притиснеме. Сакам да работам со него, тој е еден од моите најдобри тимски колега и најтешки ривали, но тоа ми се допаѓа – заврши Макс.


Верстапен: Рикардо не е кандидат за титула

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>