Макс објасни дека Ред Бул не лажат кога велат дека Хонда е подготвена заедно со нив да се бори за титула во 2019 година.

Хелмут Марко неодамна изјави дека е убеден оти новиот снабдувач со мотори ќе ги донесе понапред, а дека цел им е од Макс Верстапен да направат најмлад Формула 1 првак уште следната година. И покрај тоа што четири години Хонда работи најпрво со Мекларен, а потоа и со Торо Росо, јапонците немаат подиум. Но, податоците кои на располагање ги има Верстапен, биле доволен доказ да му покажат колку е добар моторот од Сакура.

ги погледнав бројките, не даваме лажна надеж, но свесни сме дека треба да земеме во предвид и колку другите ќе се подобрат за што мораме да почекаме.

реален сум и знам дека повторно ќе ни недостасува малку моќ, но дефинитивно е подобро од ова што го имаме во моментов. ќе бидеме поблиску, но дали тоа ќе биде доволно не знам со сигурност, а ние треба да ги извадиме најдобрите можни резултати и не смееме да губиме поени – смет верстапен.

21-годишникот смета дека е до одреден степен е невозможно да освои титула без на располагање да има соодветен болид.

мислам дека можам да предизвикам за титула затоа што сум силен веќе четири години, а луис хамилтон се бореше за титула уште во својата прва сезона. не знам дали сум подготвен, можеби да, можеби не, но што ќе имам соодветен болид сигурно ќе се обидам.

никогаш не може да знаете дали еден возач е подготвен за титула или не. штом имате добар болид возите колку што можете поврзо и ако сте најбрз победувате на трки и освојувате титули – поедностави макс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.