Макс Верстапен ќе ги следи стапките на својот тимски колега кога се работи за новиот мотор од последната Ц спецификација кој Рено го стави на располагање на Италијанското Гранд При во Монца. Рикаро зема целосно нов мотор, односно сите 6 компоненти во Петок и поради тоа ќе стартува од последно место.

Првичните податоци од возењето на Рикардо биле охрабрувачки проади што во Ред Бул се решиле да го вградата новиот мотор и кај холанѓанецот, но поради тоа што ќе биде негов трет годианва, нема да добие казна.

Шпекулациите велат дека на динамометарот Ц спецификацијата на Рено дала подобри резултати со Ексон горивото кое го користи само Ред Бул, одошто со горивото кое го користи Рено. Фабричкиот тим одби да го користи последниот мотор поради евентаулни проблеми со издржливоста во момент кога “им гори“ за 4то место во поредокот.

Моторот ги донесе предвидентие резултати и орабрени сме поради тоа. Се надеваме дека ќе го возиме без проблеми до ркајот на викендот, немаме никаков проблеми нити со горивото, за разлика од Рено кои мислам дека имаат проблеми со нивното. Доколку има некакви придобивки во перформансите, ние сакаме да ги искористиме – најави Кристијан Хорнер.

Освен Верстапен, нов мотор во Сабота доби и Маркус Ериксон чиј Ферари не ја прежвеа несреќата на вчерашната сесија. Тоа ќе биде 4ти мотор за него и тој ќе добие казна.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.