Макс Верстапен призна дека одлуката да се промени од мазни гуми на интермедиа компонента за влажна патека била негова. Во вториот дел од трката се појави силен дожд на 6та кривина од Хокенхајмринг по што неколку возачи се одлучија на промена, иако патеката во најголем дел беше сува.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Холанѓанецот имаше голема предност во однос на Кеви Магнусен, промени гуми и не загуби позиција, но по само три кругови се врати за да врати мазни гуми затоа што и 6от свиок шнола многу брзо се сушеше.

По толку хаотична трка мислам дека финиш на 4то место е добар резултат, а болидот беше силен во текот на целата трка. Денот беше тежок за носење било какви одлуки поради променливото време, малку се излизгав на 6та кривина и поради тоа решив да промена на интермедиа компонентата.

Штом излегов од боксот и дојдов до истиот 6ти свиок, таму веќе беше суво така што знаев дека таквите гуми нема да дадат резултат. Доколку продолжеше да врне доволно, ситуацијата ќе беше сосема поинаква. Понекогаш ваквите одлуки носат резултат, но денеска не беше така – анализира Верстапен.

Кристијан Хорнер ја поддржа одлуката на својот возач да се коцка со изборот на гуми откако имаше голема предност во однос на возачот зад себе, а ризикот излгедал примамлив.

Макс имаше добар старт и го предизвика Кими во првите кругови. Работите се мисирија и знаевме дека гумите ќе бидат клучнен фактор во целата тркачка стратегија.

Макс беше на стратегија со едно застанување и беше на 4то место, почна да врне, неколку болиди го промашија 6от свиок и одлучивме да се коцкаме и да монтираме интермедиа кај него.

За жал, не врнеше доволно за тие гуми и моравме повторно да го вратиме во бокс по софт. Позицијата ни беше таква што немавме закана  губење на место од позадина и вредеше да се ризикува, иако овој пат не се исплатеше.

Безбедносното возило го наби поредокот. Макс заврши на 4то место исто како што стартуваше.

По оваа трка Ред Бул остануваат осамени на 3то место во конструкторскиот поредок со 91 поенд зад Ферари, додека Верстапен се доближи на само поен до Рикардо кај возачите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.