Макс прифаќа дека моторот на Хонда нема да е совршен во пресрет на првото појавување на новиот Ред Бул РБ15 болид на патеката.

Ред Бул оваа година го променија доставувачот на мотори и по долгогодишна соработка со Рено, ќе користат мотори на Хонда кои имаа огромен прогрес со јуниорскиот тим Торо Росо. Секако, поголеми придобивки во однос на сила и издржливост се очекваат допрва.

Очекуваме многу. Сега сме позитивни дека е потребно повеќе време. Не може од прва трка да е совршено.

Сигурно ќе имаме моменти како тим каде ќе правиме грешки или нема се да оди како што треба. Важно е за тимот и за Хонда да работиме напорно да напредуваме. Во овој момент сум оптимист но и реалист. Времето ќе покаже како ќе се покажат – појасни верстапен.

Верстапен минатата сезона победи на две трки со Рено мотор, а искуството од симулаторот со Ред Бул Хонда било позитивно. Но, секако остава на тестирањата за да има конечна пресуда.

Со нетрпение го чекам стартот на сезоната и да видиме како тимот ќе работи со Хонда. Возбуден сум од кога го стартуваа моторот. Треба да видам како ќе биде со менување брзини и колку сила ќе има. Од таму ќе видиме како ќе биде и каде треба да се поправиме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.