Макс е голем оптимист во врска со можноста да добие домашна Формула 1 Гранд При трка од 2020 година откако Зандворт се чини е многу блиску до договор кој ќе ја врати Холандија на Формула 1 календарот по 35 години пауза. Последната трка во земјата на лалињата беше во 1985 година, но популарноста на Макс врати многу холански фанови на патеките ширум Европа, по што враќање на трката во Холандија беше логичен чекор.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Зандворт има организирано 34 Формул 1 трки од 1952 година до 1985 година. Иако патеката во моментов ја нема потребната оценка од ФИА за да организира трки од највисок ранг, Чарли Вајтинг неодамна ја посети и откри дека недостасуваат само ситници.

Холански De Telegraaf пренесе дека Либери дал понуда тешка 20 милиони евра за организација на настанот, а Принцот Бернард изјавил дека земјата е на само еден потпис од добивање на организацијата уште од 2020 година.

ние сме големи ентузијасти и оптимисти. во исто време сме љубопитни за следниот чекор затоа што се може да се случи. не знаеме ништо повеќе од она што го читаме – изјави рејмонт вермулен, менаџерот на макс верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.