Верстапен по стоти пат: Нема да се променам!

2086

Макс Верстапен за заколна дека никогаш нема да го промени својот пристап кон начинот на тркање и покрај сите критики упатени кон него од тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, но и додаде дека ќе удри некого со глава доколку слушне уште едно прашање на темата.

Верстапен беше приморан да стартува од последниот ред на гридот во Монако откако имаше судар во последниот слободен тренинг, што пак значеше дека неговите механичари имаа полни раце работа за да го подготват за квалификациите, во што пак не успеаја.

Хорнер истакна дека Верстапен мора да научи од своите грешки и да престане да ги прави истите, земајќи во предвид дека младиот возач е инволвиран во инцидент на секој тркачки викенд досега во сезоната.

Навистина сум уморен од сите коментари околу мене, дека треба да го променам пристапот. Никогаш нема да го направам тоа, бидејќи тоа ме донесе каде што сум денес.

По трка, не е правилен момент за дискутирање. Сите кои ги имаа тие коментари, не ги слушав. Јас си ја вршам мојата работа. Очигледно дека од почетокот на годината работите не се одвиваат како што посакував.

Имаше неколку грешки. Особено во Монако и Кина. Но да, нема поента да продолжиме да зборуваме околу тоа бидејќи навистина се уморив. Изгледа како да нема подобри прашања и постојано ме прашуваат за минатиот викенд.

Само на фокусирам на тоа што следи. Убеден сум дека работите ќе се променат. Брзината е присутна. Секогаш сум бил брз на секој викенд. Ќе беше поголем проблем доколку немав брзина, бидејќи тоа е критичен проблем – вели Макс.

Верстапен за време на прес конференцијата беше директно запрашан зошто е инволвиран во толку многу инциденти годинава.

Не знам. Како што кажав, навистина сум уморен од овие прашања. Мислам дека ако слушнам уште некое, дека ќе удрам некого со глава.

Имаше два инциденти кои беа моја вина, но на пример во 2016 година имав 3 во еден викенд во Монако. Така што не е толку драматично како што го опишуваат луѓето.

Секако дека не ги освоив поените кои требаше да ги освојам досега, но тоа не беше само моја вина. Можеше да биде подобро, но сите го прават ова толку драматично – додаде Верстапен.


Верстапен по стоти пат: Нема да се променам!

8 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>