Верстапен: Плаќаш милиони за нешто што се расипува

475

Макс Верстапен не бираше зборови кога го критикуваше моторот на Рено поради кој не успеа да ја заврши трката на која се надеваше на подиум. По само 6 кругови возачот на Ред Бул напредуваше до 5та позиција со одличен старт, но тогаш се расипа неговиот мотор.

За мене и Дани не е како што треба. Плаќаш милиони за мотор кој само се расипува. Тука бевме најбрзи и беше тешко тоа да се прифати како што слушнавте на радиото.

Разочаран сум, тимот е разочаран и фановите бидејќи се заврши за пет, шест кругови. Бев 25 секунди пред Даниел и мислам дека можевме да завршиме на петто место, но изгубивме драгоцени поени – изјави лутиот Макс.

Формула 1 оди на заслужената летна пауза, но Верстапен не е расположен за одмор, најмногу поради начинот на кој ја заврши денешната трка.

Во овој момент не ми е гајле. Мразам кога луѓето кажуваат лоша среќа и уживај во одморот. Првата недела нема да ужиам бидејќи ова е последна трка. Не сум расположен за одмор.


Верстапен: Плаќаш милиони за нешто што се расипува

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>