Возачот на Ред Бул, Макс , откри дека Естебан Окон го провоцирал во падокот по крајот на Бразилското Гранд При откако возачите веќе имаа судар на патеката, инцидент кој го чинеше холанѓанецот победа.

Уште во 2014 година во Формула 3 двајцата беа големи ривали, имаа контакти и редовно правеа инциденти. Во Бразил истото се повтори откако Естебан се обиде да се врати во исти круг со лидерот Верстапен, нешто што тој не го очекуваше. Дуелот беше без оставање место, двајцата се извртеа, но Макс го загуби лидерското место, а потоа и победата, по што беше бесен.

вакви работи се случуваат во други спортови, а мислам дека казната која ми ја изрече фиа е навистина строга. јас бев многу смирен и ако ништо друго, не го удрив него.

сакав само да дознаам зошто го направи тоа, но тој почна да ми се смее, а мене таквото негово однесување ми беше несоодветно затоа што проади него ја загубив трката. штом ме виде дека сум многу сериозен веднаш почна да вика “каде се камерите“ и потоа продолжи “ајде допри ме да те видам, ајде бутни ме“.

јас воопшто не се воздржував, навистина во тој момент не ми беше гајле за камерите – ја објасни ситуацијаа верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.