Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, верува дека сеуште има добри шанси во утрешната трка за Голема Награда на Германија, откако ќе стартува од вториот ред на гридот.

Тој ќе ја започне трката покрај Кими Раиконен и вели дека тоа е најдобриот можен резултат од квалификациската сесија.

Мора да бидете реални. Кога ви недостасуваат коњски сили, проблемот нема да се реши смаиот. Четвртто е најдобро што можевме. Болидот е брз, стартуваме од челни позиции, така што се е можно.

Се надевам дека ќе можеме да се доближиме повеќе одколку што бевме во квалификациите, но и убеден сум во тоа – изјави Верстапен.

Временските услови ќе бидат поинакви од петочните сесии, така што сеуште е “игра на погодување“ за сите тимови. Првичната стратегија на Верстапен беше да стартува со софт пневматици, но мораше да се измени поради црвеното знаме во вториот квалификациски сегмент.

По излетувањето на Маркус Ериксон, на патеката имаше премногу песок, за што контролата на тркање одлучи дека е закана за возачите при големи брзини и сесијата беше паузирана за да се исчисти.

За жал тоа дојде во најлош момент за Верстапен, кој беше во летечки круг. Тој немаше избор освен да се откаже и да се врати во боксовите. Времето кое го имаше поставено до тој момент не беше доволно за да се пласира во К3, така што тимот одлучи да ги промени пневматиците и да се обиде повторно со ултрасофт.

Поради црвеното знаме морав да се откажам. Не сакавме да ризикуваме и да не се пласираме во К3.

Анализирајќи ја ситуацијата, можевме да се квалификуваме на софт. Сите ќе стартуваат на ултра. Во однос на стартни перформанси, подобро е да се биде на ултра – додаде Верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.