Макс Верстапен не бира зборови за инцидентот со Естебан Окон и смета дека французинот е п*** во моментот кога дојде до физички дуел додека се мереа по крајот на трката.

Макс се изврте додека водеше откако се судри со Окон кој се обидуваше да го мине и да не биде круг зад лидерот. Верстапен падна на второ место откако Луис Хамилтон го мина, а потоа и победи.

не можам многу работи да кажам во врска со инцидентот освен дека Окон е п***.

болидот беше одличен и среќен бев со него, стратегијата исто така и имавме ритам пред сударот. мислам дека казната доволно зборува сама за себе, ако стјуардите го казнија тогаш е јасно кој е виновен.

лесно е да се каже по трката дека јас имав повеќе да изгубам од него, но јас само се обидував да се тркам. возач кој заостанува цел круг одеднаш решава да не биде така ризикува и се обидува да ме мине од внатре. што да направам?

казна за мене е тоа што ја загубив победата и се надевам дека за 15 години ќе се смеам за ова – изјави Макс на прес конференцијата.

Запрашан дали смета оти казната за Окон била многу млака, Верстапен не сакаше да коментира сметаји дека тоа не влијае на неговиот резултат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.