Макс Верстапен го нарече Естебан Окон “идиот“ откако имаа судар додека холанѓанецот го минуваше возачот на Форс Индија на Бразилското Гранд При.

Верстапен беше бесен и гневен по крајот на трката и со погледот го бараше Окон насекаде откако французинот беше виновник што наместо да победи, Макс ја заврши трката на Интерлагос на второ место.

Естебан се обидуваше да не заостсанува за цел круг затоа што беше на посвежи гуми од Ред Бул, а по сударот заврши со казна од 10 секунди стоење во место. По трката бесниот Макс изјави:

имавме одличен болид, а потоа еден идиот ме удри, а требаше да го минам за цел круг. едноставно немам зборови.

Возејќи го почесниот круг по Хозе Карлос Паце, Верстапен преку тимското радио објасни на своите во тимот дека подобро да не го гледа Окон околу себе затоа што може да биде зезнато. Но, тоа се случи, а бесниот Макс се стави “во лице“ на Естебан и нервозно го бутна неколку пати за време на мерењето на тежината на возачите по трката.

Сударот беше лош крај на брилијантната трка за Верстапен по што беше прогласен и за Возач на денот по трети пат по ред откако стартуваше од 5то место и имаше подобар ритам од Ферари и Мерцедес.

трката беше подобра одошто очекував. болидот работеше брилијантно денеска, екипата ми даде одлична стратегија и можев долго да останам на суперсофт. не знам што да кажам, среќен сум за 2то место, но знам дека требаше да победам – објасни макс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.