Верстапен: Овој пат не успеавме

121

Макс Верстапен се коцкаше со ставањето на интермедиа гуми за време на трката и не успеа да профитира од тоа.

Холанѓанецот беше единствен од топ 4 возачите кој се коцкаше кога започна дождот. Дождот дојде на 20 кругови пред крајот и Верстапен замина во боксот но дождот престана и тој се врати на мазни гуми.

За негова среќа безбедносното возило го врати во игра. И покрај тоа тој заврши на 4 позиција од која и стартуваше.

За среќа немаше голема разлика и влегов во боксот кога се појави безбедносното возило по нови гуми. Се обидов, знам дека некогаш може да успее некогаш не. Овој пат не успеа. Посакував трката да почнеше покасно.

Откако заврши на четврта позиција тој изјави дека со нетрпение ја очекува трката во Унгарија.

Хунгароринг е позната како патека која му одговара на Ред Бул и Верстапен смета дека и оваа година ќе биде исто.

Да апсолутно, мислам дека и денес не бевме лоши освен што губевме на правците. Дефинитивно ја чекам Унгарија.


Верстапен: Овој пат не успеавме

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>