Верстапен не уживал во ниту еден круг

79
   

Холанѓанецот Макс Верстапен изјави дека на петочните тренинзи во Јапонија не уживал во ниту еден круг по Сузука. Тој беше 4ти најбрз на вториот тренинг, разделувајќи ги двете Ферари, но заостануваше зад Луис Хамилтон речиси една секунда. Преку тимското радио изјави дека се чувстува како да вози рели автомобил бидејќи неговиот болид лизга по целата патека.

Ова е еден од најлошите денови во однос на чувство во болидот, но сигурен сум дека ќе можеме да напаѓаме во свиоците. Денеска немав ниту еден единствен добар круг во болидот – откри Верстапен.

Макс беше подобар од Рикардо речиси за две десетинки, а вози со Б спецификацијата на Рено наместо со Ц која ќе ја користи во остатокот од викендот. Тој имаше порамно крило за да добие помала потисна сила и поголема крајна брзина и според него тоа било компромис. Ред Бул се решија да ја зголемат потисната сила во Сабота бидејќи Верстапен имал многу надуправување.

Додека Верстапен се жали, Рикардо е загрижен бидејќи имало многу болиди на патеката во неговиот најбрз круг.

Не бев несреќен како Макс. Тој имаше различна потисна сила со помало крило, а јас пробав поголемо. Се надевам дека утре ќе врне и ќе бидеме подобри а мислам дека и би се поправиле во однос на мокрите денови оваа сезона – најави Рикардо.

Верстапен објасни дека имале различен баланс со повеќе тежина на предните тркала во однос на квалификациите во Унгарија.

Кога вртев на десно имав огромно надуправување. Кога вртев лево имав подуправување. Нешто не чини со балансот. Личи на повеќе од 40 килограми.


Верстапен не уживал во ниту еден круг

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>