Макс Верстапен не беше задоволен по саботните квалификации поради тоа што пропушти да стане најмлад Формула 1 освојувач на пол позиција, но надомети во Недела на трка откако доминираше и победи на Ерманос Родригез. 21-годишникот фрустрациите и гневот од Сабота ги преточи во фантастични неделни перформанси и со совршено и безгрешно возење победи втор пат во својата кариера во Мексико.

Стартот беше клучен и да бидам искрен не спиев добро ноќеска. Бев решен да победам и го направив тоа. Тимот заврши неверојатна работа, ги имаа вистинските гуми за мене, а болидот беше брилијантен.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Даниел Рикардо пресилно сакаше да тргне на почетокот, тркалата му “прошлајфуваа“ во место, холанѓанецот совршено избалансира и изби на чело на поредокот, пред Хамилтон и Даниел.

Сите се збија на првата кривина што беше добро за мене, запирав доцна, но Луис не сакаше ништо да ризикува. Потоа менаџирав со својата трка што беше клучно затоа што будно ги следевме гумите.

Сакавме само да се осигураме дека ништо нема да се случи, бевме алеку во водство и беше добро. Никогаш не бев притиснат од никој, возев со свое темпо и победив. Кога менувавме гуми одработивме одлично и за среќа имавме дополнителен сет суперсофт кој правеше да сум многу брз.

Оваа патека е на толку голема надморска височина, но нашиот механички грип и потиснта сила ни се предност во Мексико. Навистина сум пресреќен за оваа победа – изјави Верстапен.

Кон крајот на трката, откако болидот на Рикардо откажа поради проблеми со хидрауликата, Макс се исплаши дека може да ја загуби и својата позиција барајќи преку радиото да се провери и неговиот мотор и доколку е тоа потребно да се намали силата на истиот како мерка на претпазливост.

Штета за Даниел затоа што мислам дека можевме да стигнеме до 1-2 победа на подиумот. Откако неговиот болид откажа сакавме да се осигураме дека тоа нема да се случи со мојот дури и ако тоа значеше намалување на моќта на моторот. Сакавме само да бидеме сигурни и тоа и го направивме.

Холанѓанецот повторно беше прогласен за Возач на денот, но неговата победа остана во сенка на 5та титула на Луис Хамилтон. Тој смета дека британецот бил поконстантен и ораид тоа победил.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.