Верстапен не се надева на титула сезонава

90
   

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, отпиша дека ниту тој ниту Даниел Рикардо може да бидат конкуренти за титула сезонава и покрај победите кои ги обезбедија за својот тим од Милтон Кинс.

Верстапен победи во Австрија минатиот викенд, а беше на подиум во четири од последните пет трки за да ја намали разликата со лидерите на 53 поени, додека Рикардо веќе има две победи и е 50 поени позади Себастијан Ветел.

Верстапен освои 8 поени повеќе од Ветел на последните три настани, но сепак не верува дека Ред Бул може да ја задржат силната форма на секоја патека и поради тоа отпишува дека може да ја намалат разликата до крајот на сезоната.

Немаме пакет за да се бориме на секоја патека. На пример, во Монца ќе биде многу тешко, така што ќе зависи во каква позиција ќе бидеме. Ако се споредам со тимскиот колега, тогаш мислам дека имам шанса да се вратам, но не верувам дека сме во позиција да се бориме за титула.

Дефинитивно има некои патеки каде што ќе бидеме навистина конкурентни и ќе целиме кон победа, но не на секоја патека. За да се вратиме во борба, ќе треба да победуваме на скоро секој викенд – изјави Макс.


Верстапен не се надева на титула сезонава

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>