Верстапен не сака промена на квалификациите

79
   

Макс Верстапен е против предлогот за промена на квалификациите и сака истите да бидат дури и покуси од сега. Американците од Либерти Медиа сакаат да воведат и четврти квалификациски дел со цел збогатување на програмата во Сабота.

Медиумите пренесуваат дека предлогот е квалификациите да имаат четири сегменти, по четири болиди да бидат елиминирани во првите 3 сегменти, а последниот дел да биде пресметка помеѓу осумте најбрзи. Моменталниот формат датира од 2006 година, со мала промена пред две години кога Берни Еклстон проба на една трка да елиминира по еден болид на одредено време, проект кој не му успеа и експресно беше отфрлен.

Макс не сака никаква промена на квалификациите сметајќи дека истото би ги олеснило за возачите, нешто што тој лично не го сака.

Јас би сакал да остане како сега, во спротивно ќе вртиме повеќе кругови и ќе биде како да сме на тренинг сесија. Сметам дека квалификациите треба да се куси и да нема многу можности за круг, во спротивно ќе личат на тренинг сесии каде сите вртат кругови додека не влезат во ритам.

Тоа што треба да се разбере е дека на квалификациите треба да искочите, да добиете неколку можности, да поставите време и тоа е се. Но, ако имате можност за многу кругови сите ќе вадат добри времиња – објасни Верстапен.


Верстапен не сака промена на квалификациите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>