Макс Верстапен вели дека нема да дозволи да изгледа како идиот кога ќе ги извршува своите два дена на јавна служба како казна од ФИА.

Возачот на Ред Бул ја доби горенаведената казна поради физичката пресметка со Естебан Окон на Бразилското Гранд При, кој беше резултат на сударот помеѓу двајцата возачи што го чинеше холанѓанецот победа. Окон во тој момент беше заостанат болид.

Запрашан на шега од новинар на Скај Спортс дали прифатил понуда да ги чува кантите за ѓубре на шампионот од 1996 година, Дејмон Хил, Верстапен негираше, пред да го изнесе своето сериозно мислење, истакнувајќи дека сака тоа да биде нешто соодветно.

Дефинитивно нема да изгледам смешно. Мислам дека веќе сум лошо третиран со сето тоа, така што ќе најдеме нешто соодветно, бидејќи нема да изгледам како идиот.

Ќе дискутираме, со ФИА и со екипата и ќе одлучиме што ќе правиме. Дали се согласувам со казната, навистина не значи ништо, нели? Што може да направам? Мислам дека е премногу, но … ќе најдеме решение – вели Верстапен.

Макс посочи кон казната за време на прес конференција по трката во Абу Даби, кога на Хамилтон му потврди дека завршил на четвртто место во пласман и нема да мора да присуствува на Гала вечерта на ФИА за доделување на наградите.

сметавме на тоа. Освен ако може да го направам тоа како ден на јавна служба, ќе одам! Ќе се обратам до јавноста, колку се е убаво. Ќе одржам говор вечерта! – се пошегува Верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.