Верстапен: Не пропуштам никого

345

Макс Верстапен доаша во Сингапур уште поубеден дека не бил неправично казне на Италијанското Гранд При и дека други возачи правеле и пострашни работи од него, но не добиле никаква казна. Да потсетиме, Макс доби казна од пет секунди откако се судри со Валтери Ботас додека се бореа за 3то место на првата шикана од автдортомот во последниот сегмент од трката. По казната, тој финишираше на 5то место.

Тој се потсетува на сличен судар помеѓу Фелипе Маса и Ленс Строл лани на истата патека, дефанзивно возење кое минало без казна, но иа другите слични ситуации.

Анализирав други видео снимки од лани затоа што ако се вратите 10-15 години наназад целата работа станува ирелевантна поради разликите во правилата. Но, истото се случи помеѓу Строл и Маса во 2017 година, Маса беше многу умен и не го закачи тркалото, но остана на белата линија и малку подизлезе на ттревата, иако дел од гумата му беше на белата линија.

Секако дека јас секогаш се трудам да им отежнам работата на тие што сакаат да ме минат и ќе се борам за секој милиметар од патеката, како што направив и во Монца, но на крајот ми беше многу тешко.

Анализирајќи ја последната трка, видов дека и други возачи се туркаа од патеката и си ги оштетуваа болидите со меѓусебни судари, но јас и Ботас немавме никаква штета. Тој го закачи моето тркало и поради тоа излета. Вистинска штета немаше и поради тоа ми е многу тешко, но знам дека не можам да ја променам одлуката и мора да живеам со тоа – анализира Верстапен.

Тој ги прифаќа обвинувањата дека се движел додека се бранел, но е дециден дека оставил доволно место за да нема судар.

Секако дека одев во лево, но му дадов доволно простор што сметам дека е во ред. Му дадов се што треба, иако знам дека се работи за милиметри и можеби секој милиметар е пресуден, но тоа е тркањето.

Иако ова не е прв пат Верстапен да биде казне поради агресивниот начин на бранење, тој смета дека целата работа е преувеличена, а тој морал да се брани против многу посилни болиди.

Секако дека морам вака жестоко да се бранам затоа што секоаш имам помалку моќ на правците. Доколку имавме доволна праволиниска брзина, никогаш немаше да дојдам во таква позиција.

Допирот со гумите е жесток затоа што сите пристигнуваат многу брзо на правците и секој допир изгледа преагресивно и претерано.

Можам слободно да ги пропуштам посилните од мене, тогаш ќе имам добри трки и сите ќе ме фалат, но јас не сум таков, не пропуштам и не сакам да завршувам 4ти.


Booking.com

Верстапен: Не пропуштам никого

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>