Верстапен не може да ја дочека Хонда

302
   

Макс Верстапен е многу нетрпелив да почне соработка со Хонда за следната година, откако “неговиот“ Ред Бул по долгогодишно партнерство со Рено, ќе почне да користи мотори на јапонскиот производител.

Верстапен и Ред Бул веќе подолго време се фрустирани од моторот на Рено кој им предизвика доста незавршени трки оваа сезона, а критиките многу често стануваа и јавни. По 12 години соработка со французите, Милтон Кинс од 2019 година ќе зема мотори од Хонда.

Имав можност да ја разгледам нивната фабрика неколку пати, вработените се многу мотивирани да го направат следниот чекор и да стигнат на врвот. Кога ја погледнав моќта и податоците имам голема верба за следната сезона.

ПАрите не се проблем за Хонда, што е добар знак дека сакаат да победуваат. Нетрпелив сум за следната година и тоа што следи затоа што не се тркам да завршувам на 5то место – смета Макс.

21-годишникот успеа да победи на една трка сезонава, домашната трка за Ред Бул во Австрија, иако моторот на Рено константно го ограничува. Во Сингапур имаше добра трка и заврши на 2ро место, а феноменален беше во Русија, поради промена на мотор тргна од последниот ред, но завшри на 5то место.


Верстапен не може да ја дочека Хонда

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>