Макс не жали поради тоа што го рекол и направил по дуелот со Естебан , дуел кој го чинеше победа на Бразилското Гранд При.

Поради својата реакција, Макс ќе мора да одработи јавна работа два дена како казна од ФИА за инцидентот што се случи во собата за мерење на возачите по крајот на трката. Запрашан во Абу Даби зали жали за твојата реакција, тој како “од пиштол“ одговори:

не, навистина не затоа што потоа се извинив. сите сме емотивни и во тоа време имав победа во рака и дури и бев смирен затоа што сметам дека можев да изреагирам и полошо.

што очекувате да направам, да се ракувам и да му кажам фала ти што сум втор наместо прв. мојот одговор е нормален – смета верстапен.

Младиот холанѓанец веќе потврди дека Окон го намамил на разговорот и дека без потреба е осудуван без луѓето да знаат што било кажано помеѓу нив.

никој не чу што беше кажано, но сите видоа само дека јас го одбутнав. доколку го знаете и чуете целиот разговор, поинаку ќе гледате на работите.

окон кажа нешто што јас не очекував да го чујам, не е важно што кажа затоа што на крајот на денот ја постигна целта, ме изнервира – заврши макс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.