Ред Бул целеа на 5то место на крајот од денешната трка, но никој не ни сонуваше дека Макс Верстапен ќе се најде на таа позиција по само 8 кругови, откако стартуваше од 19то место. Холанѓанецот беше 13ти по крајот на првиот круг, 10ти по три круга, а по 8 кругови дојде на 5то место и сето тоа го направи со софт компонента која требаше да биде побавна од конкурентите.

Гумите имаа одличен грип од самиот старт на трката и претекнувањето ми го олеснија. Мислам дека направивме добар компромис со крилото на болидот и тоа придонесе за грипот – објаси Верстапен.

Од 18от круг кога во бокс влезе Кими Раиконен па се до 43от круг кога и самиот Верстапен промени гуми, тој беше на чело на трката и иако заврши на 5то место, беше Возач на денот и возач со најмногу кругови минати во водство на трката.

Задоволен сум со трката, целта секогаш беше 5то место, но начинот на кој стигнавме до тоа е одличен.

Тешко е да се каже што ќе беше доколку не бевме казнети во пресрет на стартот, но тоа што имавме слободен избор на гуми многу ни помогна – објасни славеникот на својот 21ви роденден.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.