Макс Верстапен не е многу убеден дека Ред Бул може да се бори за пол позиција на Унгарското Гранд При и покрај тоа што имаа одлично одработен Петок. Рикардо беше најбрз на првата петочна тренинг сесија, додека Верстапен беше веднаш зад Ветел во втората, а заостанувањето во однос на Ферари беше минимално.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Холанѓанецот е оптимист дека РБ14 може да им донесе одличен резултат на Хунгароринг каде не се бара многу од моторот, но е свесен дека ќе биде тешко да се предизвика за пол позиција.

Болидот беше добар и се надевам дека ќе остане доволно добар за пол позиција, но во моментов не можам со сигурност да го кажам тоа. За жал повторно губиме многу на правците така што мора да работиме повеќе на сетирањето за да најдеме место каде тоа можеме да го надоместиме. Сметам дека сеуште има простор за напредок – анализира Макс.

Тој е задоволен од напредокот кој го направи екипата на тесната и кривулеста патека откако Даниел Рикардо победи во Монако, патека со слини карактеристики како и Хунгароринг.

Се чувствувам подобро одошто очекував. Собравме податоци и морам да видиме како да се подобриме во Сабота и Недела. На трка ќе биде потолпо и мора да сметаме и на тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.