Верстапен нема да ги слуша советите на Фетел

368
   

Макс Верстапен изјави дека нема никаква потреба Себастијан Фетел да му дава никаков совет по нивниот меѓусебен судар во Јапонија. Инцидентот го чнеше многу повеќе возачот на Ферари одошто младиот холанѓанец.

Себ се обиде да го претекне Верстапен за 3то место и тоа сакаше оптимистички да го направи на брзиот свиок Спун, но се покажа дека ризикот бил преголем, загуби позиции, продолжи од 19то место и на крајот заврши како 6ти.

По тркачкиот викенд, возачот на Ферари изјави дека не сака војна преку медиумите, туку сака приватен разговор со Верстапен за да ги расчистат недоразбирањата, иако не пропушти да потенцира дека на Сузука не му било оставено доволно место. Макс откри дека Себастијан сеуште не му се јавил, но и дека тоа не му пречи затоа што е решен да не прима совети од него

Сеуште ми се нема јавено, но и онака немам што да му кажам. Одлично е ако ми се јави, но не можам да му помогнам. Може да зборува и каже што сака, но дали јас ќе направам и применам нешто од неговите зборови тоа е друга приказна – смета Верстапен.

Подиумот во Сузука беше 3ти на последните 5 трки за Верстапен, а 7ми сезонава.


Верстапен нема да ги слуша советите на Фетел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>