Макс изјави дека од тимот бара одговори околу забуната со температурата на гумите, која влијаеше на неговиот последен круг на квалификациите во Абу Даби.

Тој и тимот не се согласуваа за температурата на неговите хиперсофт гуми во последните моменти кога тој се жалеше дека тие се претопли, а Ред Бул тврде дека се добри. Поради ова Верстапен заостануваше зад Даниел Рикардо и ќе мора да се задоволи со старт од 6то место на трката.

Треба да видиме зошто беа потопли од вообичаеното. Направивме доста да ги оладиме. Проблемот со ова е да се следи ситуацијата во излезниот круг. Доколку се презагреат нема како да се оладат. Кога се жешки знаете дека тоа ќе се влоши во последниот сектор – појасни верстапен.

Верстапен објасни дека тој почувствувал дека гумите се претопли во првиот излез и бил изненаден како се зголемила температурата. Според него тој се обидел агресивно да ги олади и дури во еден момент не можел да ги загрее сопирачките и затоа целиот круг бил лош.

Го загубив болидот, отидов прешироко и не го завршив кругот. Не беа наши квалификации и веднаш знаев дека премногу лизгам колку и да се обидувам. Подоцна си реков тоа е тоа.

Обидот на Ред Бул во К2 со ултрасофт не се исплатеше и Верстапен мораше да мине на хиперсофт и да биде единствениот возач од топ 6 кој ќе вози на такви гуми. За него ова не е лош момент.

Тие ќе бидат загрижени и ќе ги поминеме во боксот. Да сигурно тоа е добро кога си различен.

Имаме два болида на различни гуми и ќе работиме различно. Добро беше на хиперсофт на долги серии, но ќе видиме утре. До сега немавме некој проблем.

Ултрасофт не се толку добри гуми да се вози. Тие ќе треба да ги менаџираат и нема да може да одат до крај – заврши холанѓанецот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.