Верстапен незадоволен од К3

137

Макс Верстапен е соочен со предноста која Мерцедес и Ферари ја имаат во квалификациите кога станува збор за борба за стартна позиција. Ред Бул беа подобри од Мерцедес при првите обиди во последниот квалификациски сегмент, но на крајот “паднаа“ во третиот ред, откако последните кругови ги засили и Ферари.

Макс го победи својот тимски колега и ќе почне позиција пред него, но нее задоволен од заостатокот кој Ред Бул го има.

Нмаме доволно моќ да се бориме конкурентно во К3. Од првиот до четвртиот свиок се вози под полна гас и таму е најтешко за нас затоа што губиме поради максималната брзина. Од 7от до 10от свиок е исто така право така што и таму губиме доста. Во последниот круг имав и проблем на почетокот од истиот и поради тоа веројатно заостатокот е поголем од реално – смета холанѓанецот.

Тој сметадека суперсофт гумата нема да биде многу корисна на утрешната трка.

Искрено сеуште не знам која гума е најбрза. Одбрав суперсофт, Даниел излезе на софт и мислам дека нема многу возачи да го користат суперсофт на трка.

Во текот на летечки круг можеби сте малку побрзи, но при долги серии тие ќе се распаднат. Многумина ќе изберат софт или медиум.


Верстапен незадоволен од К3

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>