Верстапен незагрижен за протекувањето на гориво

76

Макс Верстапен беше најбрз по воведниот дел од тренинг сесиите во пресрет на Големата награда на Германија. Холанѓанецот потенцираше дека не е загрижен поради издржливоста на болидот откако мораше пред време да ја прекине сесијата поради протекување на гориво. Таквиот дефект донел проблеми при намалување на брзината на пренос на РБ14 болидот по што Макс возеше само 30 минути на Т2.

Загубивме доста кругови поради протекување на масло попладнево, но дефектот беше многу брзо отстранет и кон крајот на сесијата комплетиравме уште неколку кругови за да се осигураме дека се е во ред.

Имавме добар Петок, тесните делови од патеката, односно првиот и третиот сектор беа одлични и мислам дека нашиот ритам и брзина ќе го покажеме токму таму.

Балансот беше добар што го покажува и поставеното време на Т2 и беше вистинско изненадување што сме толку конкурентни од самиот старт, но морам да потенцираме дека е само петок и дека конкурентите ќе бидат побрзи на утрешните квалификации.

Подобро сме одошто очекувавме и мило ми е што изгледаме толку конкурнтно во пресрет на вториот ден. Немав шанса да пробам некоја подолга серија денеска, но чувството е одлично. Да се надеваме дека ќе останеме на иста позиција и утре. Денешните услови беа сончеви, а се очекува времето да биде слично и утре и во Недела, иако се најавува и дожд. Ќе видиме какво ќе биде затоа што тоа може да реши многу работи – заврши со анализата Верстапен.


Верстапен незагрижен за протекувањето на гориво

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>