Верстапен недоволно брз на правецот

132

Макс Верстапен изјави дека пропуштил шанса да биде повлечен на долгиот правец во Баку со цел да се пласира на подобра позиција од 5то место во квалификациите во Азербејџан.

Возачот на Ред Бул заврши позади својот тимски колега со разлика од само 0.083 секунди на крајот на К3 и ќе стартува од третиот ред пред Кими Раиконен.

Верстапен имаше солиден прв обид, но не успеа да биде повлечен на правецот, што според него била главна причина за подобрување на позицијата.

Мислам дека првиот круг беше добар. Без грешка, но не бев повлечен. Потоа во последниот сектор губите околу 3 до 4 десетинки. Патеката со правец од 2 километра, потребно ви е некој да ви помогне.

Во мојот втор круг се обидов да ја надоместам разликата, но пневматиците не беа загреани и во бавните свиоци имав премногу подуправување.

Надополнив 3 десетинки на правецот со повлекување од 5 секунди пред мене, додека другите беа многу поблиску еден до друг. На оваа патека, понекогаш ви треба среќа, или малку помош на правецот, но имаме добра форма и многу работи можат да се случат – изјави Верстапен.


Верстапен недоволно брз на правецот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>