Макс Верстапен смета дека престојната Голема награда на Мексико е најголема шанса за Ред Бул да победи уште еднаш до крајот на оваа Формула 1 сезона, откако Даниел Рикардо победи во Кина и Монако, а Макс Верстапен донесе домашен триумф во Австрија на Ред Бул Ринг.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Верстапен дојде до четвртиот подиум на последните шест трки во Америка откако почна од 18то место, стигна до 2ро кое го бранеше во последниот дел од трката од нападите на Луис Хамилтон. Лани холанѓанецот доминираше во Мексико, го мина Фетел за водство на стартот и смета дека природата на Ерманос Родригез одговара на РБ14 болидот.

Дефинитивно Мексико е најдобра шанса за нас. Ќе се обидеме да го сетираме болидот на најдобар можен начин, а потоа ќе видиме какви перформанси тоа ќе ни донесе. Не мислам дека ќе имаме шанса на квалификациите, но на трката се чини дека нашиот пакет работи многу подобро и очекувам да бидеме подобри и од Остин.

Моторите ќе бидат побислку затоа што на таа надморска висина им е потешко да дишат, а со потисната сила ќе се загубат многу перформанси и потребно е механичкиот грип да биде посилен и сличните такви работи.

Знам дека нашиот болид механички и аеродианмички е многу добар поради што на вакви патеки сме поконкурентни од други иако има многу долг правец. Очекуваме многу – најави Макс.

Во моментов Макс се наоша на 5то место кај возачите и заостанува 26 поени од Валтери Ботас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.