Макс Верстапен го поддржа изборот на Ред Бул да го назначи Даниил Квјат за ново-стар возач на Торо Росо за следната година. Холанѓанецот смета дека русинот е вистински избор за место во тимот откако беше отпуштен од таму лани.

Во 2014 година Даниил дебитираше во Формула 1 за Ред Бул пред да биде уназаден во Торо Росо за да се направи место за Макс Верстапен. По лошите резултати во 2016 и 2017 година, беше избркан од тимот во кој сезоната ја довршија Пјер Гасли и Брендон Хартли.

Тој има искуство, го познава тимот и луѓето од тимот го познаваат него. Тоа ќе биде многу корисно за следната година кого Торо Росо ќе користи доста делови од Ред Бул. Мислам дека тој е вистински решение за екиапта.

Не би знаел да кажам кој е добро да вози крај него. Нема никој во програмата на Ред Бул со доволно поени на својата лиценца.

Даниил не возеше некое време, но мислам дека се развил како возач и е подобар од порано – заклучи Макс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.