По завршетокот на квалификациите за Големата награда на Унгарија, Макс Верстапен беше повикан кај стјуардите за да објасни зошто го забавувал Роман Гросжан од Хаас во последниот сегмент од квалификациите.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Преку тимското радио, Макс беше предупреден дека Роман е позади него откако французинот до својата гаража пријави дека наближува зад Верстапен и треба да биде пропуштен.

ФИА посочи дека има кршење на Член 31.5 од спортскит еправила од болидот со број 33 на Макс Верстапен и истото е направено против болидот со број 8 на Роман Гросжан на 14от свиок од патеката. Се работи за непотребно задржување на друг возач.

Вообичаено казната за вакви прекршоци е три позиции, што значи дека доколку истата биде доделена, наместо од 7мо, возачот на Ред Бул ќе стартува од 10то место.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.