Верстапен: Казната беше глупост, Фетел влета во мене

1207
   

Младиот холанѓанец од Ред Бул, Макс Верстапен, го искажа својот гнев во врска со казната од 5 секунди која ја доби по инцидентот со Кими Раиконен. Казната беше изречена поради напуштање на патеката и небезбедно враќање на неа. Верстапен се врати на патеката на излезот од шиканата и имаше контакт со Кими Раиконен за што доби казна, блидот на финецот претрпе штета, а Раиконен загуби позиција.

Закочив малку подоцна пред шиканата и направив се за да се вратам на патеката. Мислам дека тоа го направив на безбеден начин бидејќи не брзав да се вратам назад, но Кими имаше избрано погрешна линија. Можеше да ме почека да се вратам на патеката и тогаш се допревме, но казнага е глупост. Успеавме да преминеме преку тоа – го објасни својот прв инцидент Макс.

Шест круга подоцна, поточно во кругот број 8, возачот на Ред Бул беше удрен од Себастијан Фетел кога германецот се обиде да го помина во свиокот Спун. И покрај штетата тој успеа да си замине со трета позиција но лесно можеше и да остане без позицијата, иако кон крајот на трката опасно се доближуваше до 2то место на Валтери Ботас.

Мислам дека во тој свиок не се престасува, му оставив простор, но тој надуправуваше во мене. Штета е но среќен сум со подиумот. Немавме реална шанса ,но морав да го вратам болидот назад.

Верстапен имаше шанса да го нападне Валтери Ботас на крајот доколку не беше оштетен. Тој е единствениот од топ 5 возачите кој стави софт гуми за разлика од другите со медиум.

Стратегијата беше тешка бидејќи одевме од суперсофт на софт и тоа на крај излезе одлично. Мислам дека на крајот имавме добро темпо и покрај штетата.


Верстапен: Казната беше глупост, Фетел влета во мене

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>