Луис Хамилтон секако дека е одличен петкратен првак, но Макс Верстапен смета дека било кој врвен возач може да освои Формула 1 титула со болидот на Мерцедес. Британецот стигна до 4та титула последните 5 години со финиш на 4то место на Мексиканското Гранд При, на кое токму Верстапен триумфираше.

Во исто време, Мерцедес се на прагот да ја освојат својата 5та шампионска титула по ред и да станат единствени шампиони во последната турбо хибридна ера.

Тоа што го направи Хамилтон толку добар е неговиот болид. Секако дека е многу добар, но Фетел можеше да победи со Мерцедес, а исто така и јас и Рикардо – изјави Макс за швајцарски Blick.

33-годишниот Хамилтон е во потера по 7те титули на легендарниот германец, Михаел Шумахер. Верстапен од своја страна се надева дека и тој ќе биде сериозен кандидат за наслов штом новите правила стапат на сила.

Имам 23 години и сеуште имам 6-7 добри години за да освојам титула. Се надевам дека дотогаш и јас ќе бидам четирикратен првак. Тоа ќе биде фантастично.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.