Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е нетрпелив за трката во следната недела, иако призна дека долгите правци на Јас Марина не оат во прилог на неговиот болид.

Тој е многу силен во последно време, во Америка импресивно возеше и дојде до 2ро место иако почна од претпоследниот ред, во Мексико победи не дозволувајќи никој да му се доближи, а во Бразл да не беше контактот со Естебан Окон, повеќе од сигурно ќе триумфираше. И покрај одличната форма во која се наоѓа, тој не смета дека има големи шани за триумф.

по неколку тешки трки мислам дека сите се вртат кон абу даби, времето таму е секогаш убаво, атмосферата релаксирана, а во падокот сите се насмеани.

има неколку правци на патеката кои не одговараат на нашиот болид, но ќе се обидеме да надоместиме за нив во секторот каде има многу кривини. по трката, можеме да се одмориме и релаксираме затоа што следи заслужената пауза.

по трката следува тест, но во понеделник сите ќе бидат олабавени и ќе уживаат во сонцето. зимата ќе мине многу брзо и повторно ќе дојде времето кога сите ќе тестираме и повторно ќе работиме напорно за 2019 година – раскажа макс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.