Макс Верстапен смета дека перформансите на Ред Бул во петочните слободни тренинг сесии во Абу Даби биле подобри од очекуваното.

Холанѓанецот ја заврши Т1 сесијата на првото место, додека во Т2 заостануваше само 0.044 позади првопласираниот Валтери Ботас.

Болидот изгледа дека функционира прилично добро повторно, подобро од очекуваното, исто како во Бразил.

Чувството беше позитивно уште од самиот старт за добри петочни перформанси.

Излезот од свиокот 20 беше прилично добар, освен малиот момент кој го имав и лизгав по долгата ивица. За среќа, немаше премногу штета. Не очекувам овие ивици да бидат проблем во трката, бидејќи не треба да возиме толку широко.

Како што видовме во текот на сезоната, ние добро ги менаџираме пневматиците. Ова ќе биде уште една патека каде е важно добро да се менаџира со истите за да се стигне до добар резултат. Кратките и долгите стинтови се добри, така што досега сум задоволен – изјави Верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.