Верстапен задоволен со 5то место

83

Макс Верстапен ќе се нареди на подобрата позиција во третиот стартен ред пред утрешната трка откако перформансите го оставија далеку од борбата Ферари – Мерцедес. холанѓанецот е задоволен од резултатот и реален дека тимот не можел да се надева на повеќе на патека со таква конфигурација.

Времето на Макс беше 1,4 секунди побавно од пол позицијата на Кими Раиконен, но тоа и го очекувал.

Се обидовме да извадиме максимум, а 5то место мислам дека е максимумот. Далеку сме од врвот. Иако немав слипстрим во мојот последен К3 круг, мислам дека не можев до подобро време, но можеби ќе бевме незначително поблиску до тие пред нас – заклучи Верстапен.

Тој го пофали новиот агрегат кој Рено премиерно го претстави за оваа трка и го нарече Ц спецификација. Верстапен смета дека добил дополнителна моќ за последниот дел од сезоната, откако утрово доби нов агрегат, без казна.

Поинакво е и малце подобро. Веројатно 1-1,5 десетинки. Се надевам дека тоа ќе не бодлижи до врвот, но заостатокот е преголем.

Иако е свесен дека не можел повеќе на квалификациите, подготвен е за мирна трка и зачувување на 5то место на утрешното Гранд При.

Ферари и Мерцедес овдека се пребрзи за нас. Ќе возиме наша трка и ќе видиме дали ќе можеме да искористиме нешто пред нас. Зад нас немаме конкуренција и ќе бидеме во еден вид ничија земја.


Booking.com

Верстапен задоволен со 5то место

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>