Макс е задоволен од петочните сесии и покрај тоа што пропушти половина од Т2 поради пукнатина во резервоарот за масло во моторот на Рено која предизвика протекување.

веднаш бев задоволен од болидот и мислам дека тоа го покажав во Т1 сесијата каде најдов добар баланс. штета што на втората сесија го пропуштив почетокот и потоа потешко се влегува во ритам. морав брзо да ја комплетирам програмата, но имаше многу болиди на патеката.

секако дека не е идеално и не сметам дека ќе се бориме за пол позиција иако болидот беше добар. бев задоволен од долгите серии, имаше неколку работи кои требаше да се подобрат, но задоволен сум – објасни верстапен.

Холанѓанецот, кој беше победник на последната трка во Мексико, смета дека тој заедно со болидот значително се подобриле во средниот дел од сезоанта.

се склопија коцките на болидот и почнав да се чувствувам многу поудобно во него. мислам дека на почетокот на сезоанта пребрзо и премногу сакав да стигнам до добар резултат и тоа често ми носеше незавршени трки. дефинитивно сум многу подобар о монако – објасни макс.


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.