Макс Верстапен вели дека посакувал да има повеќе дуели на патеката со Фернандо Алонсо во текот на нивното заедничко учество во Формула 1.

Шпанецот ја извозе својата последна трка во Абу Даби, го напушта спортот со цел да атакува кон Тројната Круна и освојување на Светското Првенство на Издржливост.

Верстапен, од друга страна, почна да учествува во Формула 1 во 2015 година, додека Алонсо беше во проблематичниот Мекларен. Иако холанѓанецот стигна до пет Гранд При победи, тој ретко имаше можност да се бори против Алонсо на патеката.

Штета е што никогаш не се тркав против него. Тој беше на патеката, но никогаш немав шанса да се борам со него бидејќи тој беше во задните редови поради проблемите кои ги имаа.

Тоа е нешто за што жалам. Се тркав против Себ, против Луис и тоа беше добро, Но никогаш против Фернандо, кој порано го гледав на ТВ, а тој беше тој кој се бореше со нив.

Добро е што се тркав со него, но никогаш против него, што е голема штета – вели Верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.