Верстапен е против враќање на Саинз во Ред Бул

334

Последна шпекулација во Формула 1 падокот е дека Макс Верстапен е против враќањето на неговиот тимски колега од Торо Росо, Карлос Саинз, во празното место на Даниел Рикардо за 2019 година. 

Шокантното напуштање на Рикардо од Милтон Кинс го поремети возачкиот пазар, а повеќе возачи сега имаат неколку опции.

На почетокот на летото, Кристијан Хорнер од Ред Бул истакна дека Саинз би бил најверојатна опција доколку Рикардо си замине. Шпанецот е сеуште во договор, иако моменатлно е на заем во Рено до крајот на оваа година.

Сепак, Верстапен и Саинз имаат историја позади себе. Тие имаа тешка соработка во последните неколку заеднички месеци во Торо Росо, пред холанѓанецот да биде промовиран во тимот на Ред Бул за 2016 година.

Од тој момент, Верстапен победи на четири трки, но предизвика и неколку контроверзии. Саинз од друга страна, нема завршено на подиум, но шанса во Ред Бул би му го овозможила тоа.

Според шпанскиот весник, Marca, менаџментот на Макс е целосно против враќањето на Саинз како тимски колега на Верстапен.

Негативното гледиште на Верстапен кон Саинз би можело да овозможи шанса за Пјер Гасли. Доколку тоа е случајот, Карлос би имал опција во Меклаен, кадешто Зек Браун веќе делумно ја понуди таа можност.


Верстапен е против враќање на Саинз во Ред Бул

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>